Артур Ц. Кларк, еден од најпознатите писатели на научна фантастика, многу пати се покажал како вистински пророк што се однесува на модерната технологија. Уште во далечната 1956 година го предвидел појавувањето на ГПС и сателитската телевизија, а во ова видео кое ќе го видите од 1974 година тој го најавува интернетот и персоналните компјутери.
Овој краток клип прв пат се емитувал на ABC, а Кларк предвидува дека до 2001 година во секој дом ќе има компактна компјутерска конзола, дека сите ќе се поврзат во една голема мрежа која на корисниците ќе им овозможи се, од банкарски транскации до купување производи. Покрај тоа, тој предвидува и дека компјутерите ќе ни помогнат меѓусебно подобро да комуницираме и дека новите технологии ќе го направат човештвото подобро.
httpv://www.youtube.com/watch?v=OIRZebE8O84