Продолжението на “Avatar” ќе биде инспириран од најдлабокото место во светот и од најдлабокиот океан на Земјата.
Режисерот James Cameron неодамна беше на нуркање во Микронезија, и од таму се врати задоволен со она што тој го видел за време на неговото патување.
“Најдобара инспирација за продолжението на “Avatar” го добив во Микронезија, длабоко под овој свет, во ров длабок 11 километри. Долу е толку тивко, темно и ладно. Преубаво е и изгледа ’вонземјанско’”, изјави Cameron.
Актерот Sam Worthington, кој повторно ќе го игра ликот Jake Sully, изјави дека Cameron, ’таму долу’, не видел никакви чудовишта, туку едноставно бил воодушевен од убавината на подводниот свет и тишината.
Патувањето на Cameron ќе биде искористено за документарец од страна на каналот “National geographic”.
httpv://www.youtube.com/watch?v=v5DG5Eup9ss