Windows 7 оперативниот систем од Microsoft овој месец успеа да го надмине ХР по бројот на компјутери кои го користат во Америка. Имено, за осумнаесет месеци колку што е на пазарот, Windows 7 е родаден во 350 милиони примероци. Во текот на првата година биле продадени 240 милиони лиценци, а останатите 110 во последните шест месеци.
Покрај тоа аналитичката компанија IDC известила дека дури 90 проценти од компаниите преминале на овој оперативен систем.
За споредба, предходникот на Windows 7, оперативниот систем Vista беше продаден во 180 милиони примероци за осумнаесет месеци.