Гитаристот Brian May призна дека од 1991 година па навака чувствува дека Freddie Mercury е во него за време на настапите. Тоа е чудно искуство кое ме прави среќен сите овие години, изјавил Brian за Daily Record.
Во своето интервју тој додал дека сеуште ја има гитарата од неговото детство, која кога ќе ја земе во раце ги буди вибрациите од минатото.