Јадете бавно, за да јадете помалку

popara5 април, 20121min00
i

Експертите докажаа дека оние кои јадат побавно, јадат помала количина храна. Во универзитетот на Роуд Ајленд е спроведено истражување со цел да се докаже ползата од бавното јадење.

Имало две групи доброволци, едната група јадела брзо, а другата бавно. Луѓето од првата група завршувале со јадењето за околу 9 минути, при што консумирале 650 калории. Поголемиот дел од нив изјавиле во рамките на следниот час дека повторно чувствуваат глад и консумирале дополнителни 600 калории.

Во другата група доброволците ја изеле храната( иста количина како и првата група) за половина час. Веднаш после тоа тие изјавиле дека се чувствуваат сосема сити и тоа чувство траело повеќе часа. Втората група не консумирала дополнителен оброк.

Експертите сметаат дека треба да се јаде три пати дневно, но бавно и на тој начин ќе го намалите внесот за 300 калории помалку дневно.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma