Девојче од Колумбија со царски рез на свет донело бебе девојче, а прв пат кај лекар отишла дури кон крајот на бременоста и не се знае кој е таткото.
Десет годишното девојче родила здрава ќерка и станала една од најмладите мајки во светот. Таа прв пат заминала на доктор во 39 –тата недела од бременоста, бидејќи имала болки и крварела. Веднаш ја породиле со царски рез.
Медиумите постојано пишуваат за овој случај и наведуваат дека таткот може да биде едно 15 годишно момче или еден 30 годишен маж од племето Вају. Полицијата не го соопштила идентитетот на мајката.
Инаку, најмладата мајка во светот е Лина Медина од Перу која во 1939 година на свои 5 години роди син со царски рез.