Новото истражување покажа дека бадемите успешно помагаат во процесот на слабеење. Го потискаат апетитот и тоа всушност е еден од механизмите по кој тие делуваат.
Според експертите бадемите се многу полезни и здрави, зошто се со низок гликемичен индекс, односно се мелат бавно, поради што предизвикуваат побавно и стабилно зголемување на шеќерот во крвта и инсулинот, а тоа ги прави луѓето да се чувствуваат сити за подолго време.
Во експериментот, диетолозите утврдиле дека ако наутро консумираме непечени бадеми, како појадок, ќе се чувствуваме сити за подолго време и дека со самото тоа ние автоматски внесуваме помалку калории. Со тек на време како последица на тоа следува и намалување на излишните килограми. Освен тоа бадемите се многу полезни за кожата и се препорачува бадемите да бидат дел од дневното мени на секоја жена.