Кој му се заканувал на потпредседателот на САД, Joe Biden

29 април, 20110
joe biden

Жена од New Prague, Minnesota е обвинета за испраќање на заканучавки пораки кон потпредседателот САД, Joe Biden и неколку федерални агенти, објавено на официјалниот сајт на Федералното биро за истраги(FBI).

Федералниот суд во Minneapolis вратил во процес обвинение во кое е оптужена жена на возраст од 47 години поради закани за убиство на потпредседателот на САД, Joe Biden и неколку федерални агенти. Kim Rolene Hutterer е обвинета по неколку точки, закани врз потпредседателот на САД, Joe Biden, закани врз меѓудржавните комуникации и обвинение за испраќање на заканувачки и-мејлови до државни службеници.

Во обвинението се наведува дека на 19-ти Октомври 2010 година, Kim Rolene Hutterer испратила писмо со заканувачка содржина наменето за потпредседателот на САД, Joe Biden и за агент на Федералното биро за истраги(FBI). Покрај тоа, Hutterer, наводно на 29-ти Март 2011 година испратила слични закани и кон федерален офицер вработен во (FBI). Како крајно обвинение се наведува дека на 21-ви Септември 2010 година, Hutterer преку телефонски повик му се заканила на вработен во (BOP), биро кое има надлежност врз сите казнено поправни институции во САД.

Во исказите на (FBI) стои дека во 1991 година Hutterer била уапсена од страна на нивен агент поради поврзаност со заканата за подметнување лажна бомба во  патничкиот авион на Northwest Airlines. Додека го чекала судењето за овој случај, Hutterer на сидот од својата ќелија напишала заканувачки пораки кон (FBI) агентот. Hutterer на 19-ти Октомври 2010 година, наводно испратила 11 страници рачно напишано писмо, адресирано до (FBI) агентот од Minneapolis кој во 1991 година ја има уапсено и спроведено во Carver County затворот каде го чекала судењето. Писмото содржело 5 цртежи и заканувачка содржина за повреда и убиство врз агентот.

На 22-ри Септември 2010 година, Hutterer наводно се јавила кај доктор во New Prague, Minnesota и оставила порака на говорната пошта со содржина “Ќе се изврши откуп за некого“. Неколку дена подоцна, таа, наводно, се јавила на истиот агент со кого предходно имала нерешени работи, оставајќи неколку пораки за киднапирање на дете. Hutterer, наводно, продолжила да му се заканува на (FBI) агентот, дури и откако била пуштена од државниот затвор на 25-ти Март 2011 година. На 26-ти Март 2011 година, на една од нејзините пораки било напишано “Обиди се да ме најдеш, пред јас да те најдам, и малку да се поиграм со тебе.“ И, на 27-ми Март 2011 година, Hutterer наводно испратила серија на текстуални пораки со закани за напад врз федералната зграда.

Ако биде осудена, Hutterer се соочува со максимална казна од 10 години затвор за секоја испратена заканувачка порака, и 5 години за закани кон потпредседателот на САД и меѓудржавните комуникации. Сите казни ќе бидат утврдени од страна на судијата на федералниот окружен суд.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi