Актерката Џенифер Лав Хјуит во филмот “Client list” има улога на мајка која станала проститутка и за потребите за филмот се украдени фотографии, но редакцијата на магазинот Lifetime одлучиле дека нејзините гради сепак се преголеми, па ги “поправиле” во Photoshop.
“Некој ми испратил копија од фотографиите и јас навистина се запрашав што се случило. Не знам што направиле, но некој очигледно сака да ги намалам градите”, изјавила Хјуит.
Само еден магазин и тоа Lifetime ги намалил нејзините гради на фотографијата, а актерката потоа дала изјава за магазинот Maxim во кој објаснила дека ги сака своите гради и не разбира зошто некој и ги намалува.
Случајот на Хјуит не е единствениот од овој вид, на актерката Кира Најтли деколтето и било значително зголемено за потребите на постерот за филмот “Крал Артур”, но тогаш никој не се пожали.