Диета со продукти од растително потекло

11 април, 20120
d

Оваа диета е моќен механизам за слабеење, каде преовладуваат овошјето и зеленчукот, а продуктите од животинско потекло се исклучени.  Оваа диета пред се е создадена за прочистување и обновување на клетките. Овшјето и зеленчукот треба да се јадат свежи, без термичка обработка (се однесува на оние кои можат така да се консумираат).

Во принцип, најголемиот дел од вашата исхрана треба да се состои од продукти од растително потекло. Но за оние кои сакаат да ослабнат,а не само да извршат детоксикација на телото,  тогаш во диетата се вклучува и риба. За прочистување диетата трае само 3 дена, а за слабеење од 2-3 седмици, па затоа се вклучува и протеин од животинско потекло.

За прочистување се јаде само овошје и зеленчук и 2 литри течности на ден. За слабеење механизмот е ист, со таа разлика што додавате еден оброк дневно плус – риба. Рибата се приготвува на скара без маснотии. Наутро се јаде овошје по избор. Како меѓу оброк можете да земете јатки по избор(бадеми, лешници и др). Ручекот е риба на скара со свежа сезонска салата или пак печен компир исто така со салата. За да не биде секој ден риба, можете да ја менувате со печен компир, печурки на скара или 3 белки од јајце. За вечера зеленчук на пареа.  Се препорачува зелен чај, сок од грејпфрут и вода. Да не биде помалку од 2 литри дневно.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *