Процуреа првите фотографии од неверојатниот Santa Fe, на Hyundai. Дизајнот воодушевува, но техничките карактеристики сеуште се чуваат под голема тајна.
Дело е на новиот дизајнерски тим на овој корејски производител на автомобили, кои имаа за цел да создадат нов и атрактивен модел. Тоа е третата генерација на SUV, Santa Fe, а се работи за моделот ix45.
Новото дизајнерско изразување на Hyundai го одбележува шесткратниот впивач на воздух и пошироките предни и задни браници кои му го даваат овој урбан имиџ.
Динамичните странични црти имаат повеќе карактер, а многуте нови детали на екстериерот, заедно со наброеното создаваат навистина импресивен модел.
Технички карактеристики на Santa Fe ix45 сеуште не се познати, но неофицијалните информации дека тој ќе има турбо 2,0- литарски четирицилиндричен бензински мотор, со 274 коњски сили.