Пијана амаериканка влегла во туѓа куќа во соседството и го доела бебето на семејството кое живеело во куќата.
Неименуваната американка, под дејство на алкохол провалила во куќа во Јужна Дакота околу пет часот наутро по локално време. Сопственичката на куќата се разбудила бидејќи слушнала врева во собата каде спиело бебето, кога влегла ја затекнала непознатата жена како го дои малото.
Во шок жената само го грабнала бебето и веднаш повикала полиција, а пијаната жена заспала.
Кога стигнала полицијата 24 годишната пијана жена била приведена и обвинета за нелегален упад на туѓ имот.