По седум години заеднички живот и шест деца, двојката решиле да се подготват за пред олтар.
Познатата холивудка двојка Анџелина Џоли и Бред Пит се вериле, а сега постои и прстен на нејината рака кој го потврдува тоа! Иако актерката повеќе пати изјави дека не верува во брак, бидејќи позади себе има два кои пропаднале, сепак се чини дека се предомислила.
Приватен златар открил дека го дизајнирал прстенот за веридбата, која актерот внимателно ја подготвил. Ова го потврдува и портпаролот на златарот:
-Точно е дека Роберт Прокоп го дизјанираше прстенот за Анџелина Џоли во соработка со Бред Пит, изјавил тој.