Samsung ќе го претстави Galaxy S III на 3. мај

popara17 април, 20121min00
0474007.42

Samsung Electronics пред неколку дена објави дека еден од најочекуваните паметни телефони оваа година – новиот модел од Galaxy серијата – ќе биде претставен на 3. мај на конференцијата за новинари во Лондон.

Samsung стана водечки производител на паметни телефони минатата година и тоа благодарејќи на големата продажба на Galaxy серијата, а најновиот модел доаѓа по Galaxy S II моделот кој беше претставен во април мината година.

Оваа јужнокорејска компанија објави дека продала повеќе од 40 милиони Galaxy телефони од кога овој модел прв пат се појави на пазарот во јуни 2010.

Samsung денес доминира на пазарот на паметни телефони заедно со Apple, а компанијата моментално е спонзор на Меѓународниот олимписки комитет (IOC) до 2016 година. Во изјавата за јавноста е објавено дека се очекува пораст на приходите. Имено, уделот на Samsung на пазарот во Кина двојно се зголемил по Олимписките игри во Пекинг 2008.

Новиот модел од таа мегауспешна Galaxy серија најверојатно ќе се вика Galaxy S III. Според гласините од интернет, ќе има 4,65 инчен AMOLED екран со резолуција 1280х720 пиксели. Процесорот ќе биде на 1,5 гигахерци со четири јадра, додека ќе работи на оперативен систем Android 4.0.

Ќе биде дебел само 7 милиметри и ќе има 12 мегапикселна BSI камера и подршка за NFC. Исто така, ќе има подршка за LTE, како што се споменува и за iPhone 5, кој ќе му биде главен конкурент.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag