Гуркањима, е Јапонски метрополис кој е препуштен на забите на времето на едно од најосамените места на светот. Напуштен, со згради кои пропаѓаат наликува на одамна заборавена воена зона.
Тоа е напуштено бетонско острово, кое полека пропаѓа во близината на западната ривиера на Јапонија. Името Гуркањима, значи – Борбен брод , а правото име на ова место е Хашима и е едно од 505те ненаселени острови на периферијата на Нагасаки, оддалечено 15 км од Нагасаки.
Според Дејли прес, островот го добил својот надимак поради својот изглед, кој со својот изглед навистина потсетува на борбен брод.
И покрај тоа што е забранет за туристите, островот стана магнет за урбаните истрачувачи кои на секаков начин заобиколуваат како би направиле истражувања и фотографии од напуштената зграда на островот.
Ова некогаш беше само мало островче, но по откривањето на јагленот на овие простори 1810год. претворен е во рудник. Индустријализацијата на Јапонија, доведе до тоа да работниците и нивните семејства го населиле островот и го претвориле во свој сопствен мал метрополис.
Се простира на 15 хектари земја, а било населено во 1887 – 1974, својот врв го достигна во 1959 со 5.259 жители.
Но, кога јагленот беше индустриски заменет со петролеј, во 1960г. затворени се рудниците, што доведе до тоа рударите повторно да го напуштат градот во 1974г. оставајки ги своите сопствености зад себе.
Бидејки 35 години, беше затворен, Јапонската влада во 2009г. дозволи пристап до островот, но сепак ограничен, бидејки забрането е шетањето по градот. Оние најљубопитните наоѓаат најдосетливи начини, да ги фотографираат дрвените зданија кој се распаѓаат, играчките, предметите и другите заоставштини.