Може и да не ви се верува дека е возможно еманципираната и многу комплицирана жена да биде „собрана“ само во една реченица, но некои од големите мислитили се обиделе да го направат тоа, па затоа можеби вреди да ја побараме длабоката мудрост во нивните зборови. И да научиме нешто повеќе за жените, ако до сега не сме знаеле.
- Ако ги немаше жените, сите пари на светот не би значеле ништо. – Аристотел Оназис
- Ако жената одговори на твоето прашање, не и верувај , ако молчи – воопшто не и верувај. К. Макушински
- Ако сакаш да постапиш мудро, побарај женско мислење, ислушај го и постапи точно обратно од тоа. Харун Ал Рашид
- Во глупоста сите жени се еднакви. Е. Ротердамски
- Дружбата меѓу две жени е секогаш заговор против третата. А. Кар
- Жената разговара со еден маж, гледајќи втор и мислејќи за трет. Бартрихари
- Жената би избрала да се бакнува со ѓаволот, отколку да нарече друга жена убавица. Гогол
- Жената е втората грешка на Господ. Ниче
- Жената е сенка, ако ја бркаш бега, ако и бегаш те брка. Соломон
- Жената има потреба од маж колку рибата од чадор. Г. Стејнам
- Незнам зошто жените сакаат да го имаат она што и мажите. Па нели жените ги поседуваат мажите? Шанел
- Златото се проверува со оган, жената со злато, а мажот со жена. Сенека
- Грозната жена ќе ти биде казна, а убавата богатство, но за сите. Бион
- Единственото подраматично од тоа да ја изгубиш жената што ја сакаш е да ја спечалиш и да откриеш колку е празноглава. О. Вајлд
- Има само два начина да се справиш со жена. Но никој не ги знае. Еврејска поговорка