Заоблените формации во карпите ги пронашле додека се граделе патиштата во регионот. Чеченските геолози уверени се дека под земјата има уште јајца. Не знаат точно на кој вид спаѓаат.
Руските геолози во чеченскиот регион сосема случајно налетале на нешто што е старо повеќе од 60 милиони години. Веруваат дека пронашле фосилизирани јајца од диносауруси.
„Пронајдовме околу 40 јајца, точниот број уште не сме го утврдиле. Веруваме дека има многу повеќе под земајта“, изјавил геологот од чеченскиот Универзитет, Саид Емин Џабраилов и додал дека треба да се утврди од кој вид на диносауруси се јајцата.
Откриените јајца ќе ги проучуваат палеонтолози и ќе бидат направени разни тестирања. Чечнската влада планира да го заштити тоа подрачје, да го прогласи за природен резерват, а со тоа да привлече туристи.