Популарната игрица за оние кои сакаат брзина ќе се појави и на големиот екран.
“Need for Speed” е игра со возење на автомобили чија што прва верзија се појави во 1994 година, и оттогаш е продадена во повеќе од 100 милиони примероци. Направени се околу 15 верзија на играта, за компјутери и мобилни телефони.
Студиото “Drimvorks” го купи проект за екранизирање на оваа игра, а во моментот сценаристите John и George Gatins работат на пренесување на приказната на големиот екран.
Уште не е познато кој ќе ги игра главните улоги во филмот, но во Холивуд предвидуваат дека ќе филмот ќе добие статус на акција блокбастер.