Супермаркетот е одговорен за вашата линија. Доколку храната ја купувате во дисконтите, а патувате од далеку за да купите повеќе намирници, по поефтини цени на акција, веројатноста да купите повеќе и да се здебелите е многу реална.
Според најновите истражувања во Париз, анкетата од 7.131 испитаници, ни открива дека личностите кои купуваат на попусти во поголеми количини, и кои доаѓаат од подалечна дестинација од овие реони, имаат многу по обемен струк и поголема телесна маса.
Порталот на една интернет страна, истражуваше што на Хрватите им е пресудно, при изборот на дестинацијата на пазарење? Дури 30.77%од анкетираните рекоа дека, најефтините цени им се главната причина за пазарењето и изборот на маркетот. Популарноста на “поефтините” производи , е се поголема.
Според стручњаците, поголемата телесна тежина е поврзана со пазарењето во дисконтите за храна, како и поврзувањето на дебелината со слоевите кои имаат помала едукација од нутриционизмот и разликата со оние кои се поупатени.
Но дури 11,4% испитаници, тврдат дека пазаруваат во дуќаните сместени во соседството.