Пејачката Лједи Гага вчера пристигна во Сеул во Јужна Кореа каде ја започнува својата турнеја.
Уште на аеродромот ги изненади своите фанови, бидејќи се појавила во убав бел Atelier Versace фустан со златни детали. Својот изглед го надополнила со бели ракавици со маска прекриена со бисери.
По концертот во Сеул, 27 април, контроверзната пејачка ќе ја продолжи својата турнеја со концерти во Хонг Конг, Јапонија, Тајван, Филипини, Тајланд, Сингапур, Индонезија, Нов Зеланд и Австралија.
По Азија, Гага доаѓа во Европа, каде ќе одржи 21 концерт како дел од својата “Born This Way” турнеја.