Многу често се случува вљубените да заглават во рутината на секојдневието и да го запостават вниманието и малите интимни гестови еден кон друг.
Претходно сте се бакнувале постојано и насекаде, до степен што дури станувате досадни за околината, а сега бакнежи нема…
Бакнежите се како гушкањето – имате потреба од колку се може повеќе од нив, за да сте среќни.
Сте се запрашале ли колку често се бакнувате?
Пред да се разделите и кога ќе се сретнете повторно е добар момент за бакнеж. Така ја изразувате радоста дека се гледате повторно или пак го испраќате со бакнеж како знак дека ќе ви недостасува.
Сетете се колку било забавно и пријатно бакнувањето во почетокот на врската. Затоа обидете се да ја вратите старата навика во врската!
Така ќе си покажувате почесто еден на друг дека се сакате и дека монотонијата не е дел од вашиот љубовен живот. според сексолозите, бакнежите едноставно мора да се присутни!
Освен тоа бакнежите се клучот и за нешто поинтимно, ја будат страста и желбата. Исто како што клучот го старира моторот на колата со само едно вртење.
Не се лишувајте од задоволството на малите интимни гестови. Тие се многу важен дел од љубовниот живот…