Зошто е важно жените да добиваат подароци?!

popara25 април, 20121min00
000

Ќе кажам дирекно, без заобиколување, а потоа ќе го објаснуваме. За жените е важно да добиваат подароци, бидејќи тоа ја докажува нивната женственост. Ја зголемува нивната психичка сила, а способноста да ја раздаваат својата љубов, грижа и верност се зголемува.

Веќе почнувам да слушам коментари дека жените се меркантилни, како го оставаат бедниот маж за побогат, како тоа не е никаква љубов и.т.н. Стоп. Не ги слушам тие гласови повеќе, зошто искрената радост, што жената ја добива од подарокот, кој деликатно стрела во десетката(женската душа) и ја исполнува со доверба кон човекот кој направил ваков гест. Ова нема ништо заедничко со деформациите на алчноста и потрагата по злато (или професијата на спонзорушите).

Точно за овој вид женска алчност, кон кој сосема разбирливо имате неподносливост, нека не забораваме, дека и тоа е како последица од машкиот свет. Векови наназад, во човечката генетска меморија е закодирано како мажите ги купувале жените – за сопруги, за слугинки и сл, или накратко за трофеј или потреба.

И за да се вратиме онаму от каде започнавме, она што во моментов многу ги дразни мажите како женска претенција за стабилност , кога си избираат партнер е нивна заслуга пред се.

Колку и да ви се чини глупаво, кога жената не добива подароци, започнува да чувствува вина, дека не прави доволно и дека станува досадна, дека не е сакана доволно…и ако мажите сакаат да имаат весела и задоволна жена до себе, треба да и покажат дека е прекрасна. А како да и покажат ако не со подарок?

Кога жената добива подарок, тоа на неа и зборува дали човекот до неа се потрудил да разбере со каков човек си има работа.

И така…вистинскиот подарок, подаруван периодично и без специален повод, железни врати отвара. После тоа ние цветаме и немаме никаков проблем со тоа да ја подариме својата љубов, грижа и верност.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag