Станишиќи, Босна и Херцеговина – етно селото кое ќе стане Ваша опсесија !!!

popara27 април, 20123min00
joi

Лоцирано во североисточниот дел на Босна и Херцеговина, во плодните рамнини околу Бјелина, ова етно село, потсетува на прекрасните планински места, кои постојат само во приказните.

Приказната за ова место, ја започна од сонот на бизнисменот Борис Станишиќ во 2003 година. Всушност тој имаше замисла за угостителски објект, со традиционален изглед, автентичен за планинските места.

Неговиот сон се оствари. Станиќи е етно селото со неодолив изглед, една од најпосетуваните дестинации во Босна и Херцеговина. Поделено е на два дела, од кои првиот е делот со стари куќи, опремени со апарати за домаќинство, а во вториот дел се наоѓаат духовни објекти. Селото, како дестинација, е најпогодно за еднодневни посети, но за оние кои сакаат да останат подолго, се организира сместување во хотели или во околните куќи.

Мозаикот од мали ридови, поточиња, езерца и уникатни објекти, е дестинацијата која задолжително мора да ја посетите. И за да го почувствувате духот на традиционалното и за да ги наполните Вашите батерии…

Верувајте, ќе сакате повторно да се вратите !

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag