Парламентот во Египет се подготвува да донесе контроверзен закон според кој на мажите би им било дозволено да имаат сексуални односи со своите жени до шест часа по нивната смрт.
Предлог законот, предизвика гнев кај женските групи и националниот совет на жените во Египет, според кои ова е маргинализација на положбата на жените во општеството.
„Сексот за збогум“ како популарно го нарекоа, прв пат бил разгледуван во 2001 година, кога еден марокански свештеник предложил сексуалниот однос да остане легитимен и после смртта на мажите и жените.
Донесувањето на овој закон е дел од реформите кои ги спроведува египетскиот парламент, а се планира и да се минималната возраст за девојчињата кои стапуваат во брак да биде 14 години.