Фудбалерите на Реал Мадрид негодувале во соблекувалната, но зад грбот на шефот. Проблем тактиката? Веќе почнаа шпекулациите околу заминувањето на Мурињо.
Тренерот на Реал Мадрид, се соочува со револт кај одделни фудбалери по поразот од Сарагоса и Барселона, пренесоа шпанските медиуми.
Според тврдењата, играчите незадоволни од тактичката поставеност на Реал и во петокот наутро го изразиле незадоволството поради тоа, пред тренингот, но не пред Мурињо.
Коментарите биле од типот:
”Ова е срамота”, или ”Ова не е Реал Мадрид”, ”Изгледаме бескорисно”, се слушало од соблекувалната.
Сепак, тие го изразиле незадоволството додека кормиларот не бил тука, а кога Аитор Каранка влегол во соблекувалната, замолчеле.
Еден од вработените луѓе во клубот за Роналдо и Мурињо изјавил:
”Овие двајца имаат толку големо его, што е тешко да им пријдеш.”
Првиот оперативец на Реал, Хорхе Валдано, изнесе некои критики на сметка на Кристијано Роналдо и на тактиката на Жозе Мурињо, по мечот со Барса, па се поставува прашаањето дали е ова “почеток на крајот” на португалскиот стратег на клупата на мадридскиот великан.