Психолозите Рон и Ори Брафман тврдат дека постојат само 5 основни фактори кои не тераат да се вљубиме, како и другите да се вљубуваат во нас.
Ако сте отворена личност и сакате да комуницирате, објектот на вашиот интерес најверојатно ќе одговори на вашиот импулс. Таква е човечката природа, а мит е дека таинствените жени се клучот кон успех. Но се разбира дека не треба да ги откриете сите ваши тајни уште на првиот состанок, бидејќи тоа може да го исплаши човекот до вас.
Се вљубуваме во оние што често ни се пред очи. Во овој фактор нема ништо сензационално , факт е дека најчесто се вљубуваме во луѓе што често ги среќаваме, па тоа може да биде колега, соученик, комшија и сл. Со ова се потврдува и вистинитоста на фразата: Далеку од очите, далеку од срцето!
Колку повеќе сме уверени во тоа дека му се допаѓаме на некого, толку повеќе тој човек навистина чувствува привлечност кон нас. Исто така ние се чуствуваме опуштено и задоволно кога сме во друштво со човек за кој веруваме дека има извесни емоции кон нас.
Колку повеќе заеднички работи имате – интереси, вкус за литература, филм, музика, или било што друго, толку поглеми се шансите вашиот однос да прерасне во врска. Овој механизам е толку длабоко посаден во нас од еволуцијата што дури една случајна тема на разговор каде се поклопуваат интересите на двајцата, може да биде причина за почеток на една љубов.
Надворешни услови. Во реалниот живот екстремните ситуации и непријатни моменти во животот некако не сплотуваат и не тераат да се вљубиме во човекот кој преживеал исто или слично со нас.