Најславниот холивудски пар, наводно се уште не ги решиле сите работи околу венчавката, а најголем проблем и причина за кавгата наводно била дали ќе биде поканета пораншената сопруга на Бред, Џенифер Анистон.
Според американскиот магазин, ОК, кавгата меѓу Бред и Анџелина започнала околу тоа каде ќе се одржи венчавката, а потоа преминала и кои гости ќе бидат поканети.
„Анџелина сакала да ги покани своите бивши Били Боб Торнтон и Џони Ли Милер. Бред мислел дека тоа е непочитување кон него, па едноставно и вратил дека треба да ја поканат и Џенифер. И тоа било крај на дискусијата“, изјавил сведок за магазинот.