94% од мажите не сакаат разголени жени со нападна шминка

popara28 април, 20121min00
s2

Мажите сакаат нивната партнерка да изгледа природно, покажува новата анкета која е посветена на вкусот на мажите во однос на женскиот стил, облека , шминка и фризура.

Жените се стремат кон совршенство секој ден, а студијата покажа дека за мажите тоа е излишно.

Нема идеални луѓе и затоа нема потреба да го бркате совршеното. Се разбира дека силниот пол забележува некои недостатоци во надворешниот изглед кај жените, но често ги прифаќа како нешто нормално и не посветува сериозно внимание на тоа.

На пример само 7% од анкетираните сметаат дека пирсинг и тетоважа изгледаат секси, а останатите 93% не одобруваат. 87% од нив не сакаат жени кои изгледаат како кукла од излог со нападна шминка. Што значи дека сепак изборот на мажите е небрежниот стил на облекување и природна, лесна шминка.

Анкетата исто така покажа дека мажите од сите возрасни групи, поколенија и националност сакаат жени со долги коси, независно дали е виткана или права.

Во исто време пак жените се обидуваат да измислат нови начини за тоа како да ја употребат шминката за да изгледаат загадочно и да имаат поизразени очи. Меѓутоа на 86% од мажите им пречи нападна шминка  и сите тие се изјаснале дека би избрале девојка која не се шминка или пак е со минимална шминка.

Нападно нашминкани и разголени жени привлекуваат само 6% од машката популација, но јас се прашувам дали за една ноќ тоа или пак за врска? Вие што мислите?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag