Пред да се одлучите да навлезете во озбилна врска, чекирајте ја оваа листа за да проверите дали ви се совпаѓаат намерите…
Однесување пред јавноста
Ако вашето момче со кое се забавувате не ве испушта од раце се додека сте само во неговиот/вашиот стан, но во јавноста не ни помислува да го положи ниту малиот прст на вас, јасен показател е дека не сака пред другите да ве претстави како негов партнер…барем сеуште…не…
Начин на забавување
Тој, кој е вреден за да се спомене, ќе стори се за да ве импресионира доколку покаже исклучителен интерес за вас и за вашиот живот. На пример, ќе избере ресторан, суптилно, но заинтересирано ќе поставува прашања за вас, за вашиот живот, желби и интересирања и дискретно ќе ги потенцира некој свои атрибути кои би можеле да ве пленат… Некој кој ве гледа како “минлива птица”, нема да вложи многу труд на вас…
Неговите пријатели
Ако има огромен број на пријатели, а вие сте запознале само неколкумина и тоа онака попат, тоа може да биде добар показател дека не ве перцепира како перманентна фигура во неговиот живот…