Кокосовото масло се препорачува за оштетена коса со расцветани врвови. Има причина зошто кокосовото масло е се поприсутно во балсамите и маските за коса. Според едно истражување ова масло проникнува најлесно и најбрзо во структурата на влакното за разлика од останатите минерални масла.
Процедурата е многу лесна и едноставна. Се што треба да направите е да си го набавите ова масло. Маслото се заграва и се аплицира на косата. Косата завиткајте ја со цел да се задржи температурата колку може подолго. Оставете да делува еден час. Се нанесува на влажна коса. Процедурата се прави еднаш неделно, неколку месеци.