Со оглед дека патувате со луксузен брод и дека го заобиколувате целиот свет, цената претставува вистинска ситница…
Бродот кој ќе биде Ваш дом 107 дена, колку што трае крстарењето, се вика „ Pacific Princess “. Изобилува со луксузни вечерни журки, врвни светски ресторани, бутици на престижните светски брендови…
Денот во пловидба, ќе го поминете на преубавиот базен, во барот, на дневните покер турнири и многу други активности. На располагање е врвен спа центар, теретана, библиотека, галерија од светска класа, театар, казино…
На бродот сé е прилагодено кон Вас. Сметајте на многу внимание и особен третман од страна на домаќините. Феноменалната тура која само за време на читањето ги буди сите сетила, предизвикува неверојатно возбудување, ги исполнува сите Ваши очекувања и остава силен белег.
Поаѓањето е планирано од Ft. Lauderdale, на Флорида. После следува посетата на градот Лимон, на Костарика, поминот низ Панамскиот канал и краткиот престој во Панама. Од Панама, моќниот брод доаѓа до јужноамериканскиот континент, каде ја обиколува Гуајагла, во Еквадор, Лима во Перу, Чиле… На ред е австралијанскиот континент, каде што се поминуваат Окленд, Брни, Сиднеј, Гуам и конечно, доаѓа Азија. Поинаква култура, архитектура, храна, луѓе. На најголемиот континент се поминуваат Осака, Хирошима, Инчон, Шангај, Хонг Конг, Хо Ши Мин, Бангкок, Куала Лумпур, Фукет, Мангалоре, Мумбаи, Дубаи, Доха, Луксор… Од азискиот континент се продолжува кон Африка. Овде се поминуваат Шарм Ел Шеик, Акаба, Каиро. Прекрасниот брод со неодолив шарм, продолжува кон Израел, каде се посетува Ерусалим, па се продолжува кон Лимасол, Истанбул, Атина, Котор и последна дестинација – Венеција…
Ова крстарење вреди живот !!! Вреди да се искуси…