Од продавачот М. Г. од Сараево бил одземен черепот и испратен на вештачење.
На еден авто пазар во Сараево М. Г. меѓу другото изложил за продажба и еден човечки череп. Случајот веднаш бил пријавен, веројатно од другите продавачи и на пазарот пристигнала полицијата.
Черепот бил запленет и веднаш испратен на вештачење.
Истрагата ќе ја води кантоналното обвинителство во Сараево, а била земена изјава од продавачот.