Се што треба да знаете за Samsung Galaxy S III

popara8 мај, 20121min00
20343569094fa79264334e4510898890_orig

Samsung Galaxy S III е еден од најочекуваните Android телефони оваа година, и секако најочекуваниот производ од Samsung.

Веб сајтот PC World издвои четири клучни карактеристики кои го одликуваат овој паметен телефон.

Убивствен хардвер – Како и што се очекуваше, SGS3 има 1,4 гигахерци четиријадрен процесор, камера со резолуција од 8 мегапиксели и предна од 1,9, а тука е и Super AMOLED екранот со дијагонала од 4,8 инчи и батерија од 2100mAh. Телефонот тежи 133 грама и има дебелина од 8,6 милиметри.

Софтвер кој ве познава – Eдна од најиновативните функции е можноста телефонот да ве види, слуша и да ви одговара, преку софтверот за звук и камера. Не мора да го допирате екранот за да не се затемни, камерата гледа дека вие гледате во екранот и го држи „буден”.

Иницијално не подржува LTE – кога ќе се најде на продажба овој месец, овој телефон ќе има подршка за HSPA+, но не и за LTE, иако имаш простор за LTE чипсет. Samsung најави дека LTE верзијата ќе биде достапна на лето.

Работи на најновиот Android – Ice Cream Sandwich е верзијата на Android која се наоѓа на овој паметен телефон, како и на поголемиот дел на новиоте Android телефони кои стигнаа или наскоро ќе стигнат на пазарот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma