Маслото од јојоба во служба на убавината

Маслото од јојоба, познато уште како течен восок, се извлекува од семенките на дрвото јојоба. Тоа служи за различни цели, но најдобро делува на кожата, ја прави здрава и убава.
Маслото од јојоба е 100% органско, што значи дека сосема е исчистено од секакви хемиски материи, кои можат да и наштетат на кожата. Тоа е навистина чист и здрав продукт за кожата, ги штити клетките и го стимулира растежот и регенерацијата на кови клетки.
Маслото содржи витамин Е, витамини од Б комплексот, а исто и минералите силициум, хлор, бакар и цинк, познати по својот антисептичен ефект.
Лековитите ефекти на маслото од јојоба го прават исклучително полезно, бидејќи успешно лекува оштетена кожа, испукани усни, а исто така ја омекнува кожата на рацете и стопалата. Со помош на маслото од јојоба можете да ги намалите и акните.
Маслото е многу полезно и за косата. Со него треба да се масира скалпот, за да се избегне неговото сушење што од своја страна е причина за појава на првут.