Завршен е најголемиот проект Falkensteiner Michaeler Tourism Group AG на Јадранот, вреден 160 милиони евра.
Пунта Скала е најголемиот и најважен градежен проект во историјата на претпријатието Falkensteiner Michaeler Tourism Group AG. Комплексот сместен на истоимениот полуостров, недалеку од Задар, се состои од хотел и спа центар, семеен хотел Дијадора и резиденција Сенија, а летувалиштето се протега на полуостровот со површина од 30 хектари. Во проектот се вложени 160 милиони евра, а комплексот нуди можност за вработување на 500 сезонски работници.
Оваа оаза без автомобили привлекува особено внимание поради несекојдневниот изглед, фантастичната и единствена атмосфера, прекрасниот ентериер и посебната грижа за животната средина. Ваквиот вид на комплекс е единствен на територијата на Хрватска. Одличниот дизајн, првокласната опрема и медитеранското доживување, заедно со најдобрите услуги, ја сочинуваат оваа туристичка оаза, која поставува комплетно нови стандарди. Гостите можат во потполност да се опуштат и во прекрасниот базен Infinity pool, при што истовремено можат да уживаат во панорамскиот поглед на задарскиот архипелаг.
Задолжително ставете ја оваа дестинација на листата на приоритетни… Годишните одмори се на прагот…