Еден маж од Небраска го променил своето име во Тираносаурус Рекс.
23 годишниот Тајлер Голд решил да си го смени името според еден диносаурус, кој во превод значи „тирански крал на гуштерите“, пишува Њујорк Тајмс.
Судот му дозволил на младото момче да си го промени името, откако тој поднел барање дека со тоа не избегнува никаква кривична пријава или неплаќање на кредити.
Голд изјавил дека е многу интересно кога треба да се потпише како Т-Рекс.