Еден ексцентричен заљубеник во уметноста сака да се ожени со една од неговите слики, откако се заљубил во портретот на девојката која е насликана. Опседнатиот Tomasz Urynowicz, 37, од Nowa Huta, Полска, има потрошено 10 години за да ја пронајде девојката од сликата која била насликана пред 56 години.
“Сликата прикажува девојка која пружа испрани алишта, со кафена коса која трепери на сонце, апсолутна убавина. Последната декада се обидувам да ја пронајдам девојката“, изјавил опседнатиот пољак.
По неколку години неуспех во барањето на девојката, тој сега се обидува да пронајде свештеник кој ќе го венча со насликаната верзија на девојката од неговите соништа. “Незнам какви се законите за овој вид на венчавки во Полска, но ако неможам тука, ќе одам на друго место да го сторам тоа“, изјавил Urynowicz.