Претседателот на САД Барак обама изјави дека би требало да се дозволи хомосексуалците да стапуваат во брак, и тоа е за прв пат јавно да се залага за геј браковите.
Важно е да се оди напред и потврдувам дека двојките од ист пол треба да им биде дозволено да се венчаат- кажа Обама вчера на телевизијата АБЦ, само неколку дена откако потпреседателот на САД Џо Бајден излезе со сличен став.
Обама кажа дека тоа е негов личен став и дека за ова прашање треба да одлучи американската влада. Претседателот на САД објасни дека до промена на неговиот став влијание имале американските геј-војници кој се бореле за својата земја, а имале ограничени права.
Обама е првиот лидер на Америка кој го прекина правилото на војската на САД “ не не интересира дали си геј, и не зборувај за тоа “
Претседателот на САД кажа дека неговата сопруга Мишел го дели неговото мислење.
Групата за заштита на правата на геј популацијата ја оценуваат изјавата на Обама како историска и како значаен чекор кон еднакви права за сите во американското општество.
Прашањето за истополовите бракови уште е поделено во Америка,но сега за сега само 7 држави ги признаваат. Од друга страна во 31 држава се забранети браковите помеѓу двајца мажи и две жени.
На референдумот што се одржа во вторникот во Северна Каролина 60 % гласаа за забрана на хомосексуалните бракови.