Затвориле теориски физичар, практичен физичар и математичар во 3 различни келии и им дале конзерва со храна без отварач, ги оставиле така 1 месец.
Кога дошле по еден месец, стражарите ја затекнале следнава ситуација:
Кај теоретичарот и физичарот, сите ѕидови биле испишани со формули, конзервата била отворена, јадењето изедено, а физичарот здрав и жив. Стражарите го прашале како му успеало, а тој им објаснил како пресметал, која количина, под кој агол, и во која точка….,да ја фрли конзервата во ѕидот за да се отвори.
Кај практичниот физичар, ѕидовите биле искршени, креветот истуткан, тој целиот разбушавен, но конзервата била отворена, храната изедена, а тој жив и здрав. Стражарите прашале како му успеало, тој им објаснил како, фрлал конзерви со различна јачина под различни агли, се додека не му успеало да ја отвори.
Кај математичарот, влегуваат стражарите во келијата , келијата уредна, креветот наместен, а математичарот, лежи мртов на подот со конзервата во рака, а на конзервата со читок ракопис напишано:
Храната е неопходна за живот.
Да го претпоставиме спротивното…