Користете природни продукти секогаш кога станува збор за проблематична кожа. На ваквиот тип кожа и пречи и минималната доза хемикалии кои ги има во козметичките производи за грижа на кожата, освен оние од органско потекло, кои пак се многу скапи. Ослободете се од акните и црните точки со помош на оваа супер ефикасна домашна процедура.
Белка од јајце и лимонов сок
Ако имате проблематична кожа, оваа природна маска за лице е се од што имате потреба за да се справите со тој проблем. Се што ви треба се две белки од јајце и една лажичка лимонов сок кои треба добро да се измешаат. Нанесете ја смесата на лицето избегнувајќи ја притоа зоната околу очите. Оставете да делува 20 минути после што се измива со млака вода.