Едно малечко девојче од Кувајт ги одведе своите родители на шопинг, но се што купи не беше за неа, туку за нејзините сиромашни и болни сограѓани.
Видеото под име „Lulwa makes happiness“ покажува како малото девојче подарува облека, храна и и грачки на сиромашните луѓе.
Таткото на малото девојче изјавил дека сакал да го сними сето тоа на камера, за кога ќе порасне да го види видеото и да разбере дека така треба да се однесува со луѓето кои имале помалку среќа од неа во животот.
Видеото завршува со порака: „ Lulwa не им помогна на другите, таа си помогна себе и научи како треба да живее. Што би било кога сите би станале Lulwa“…
httpv://www.youtube.com/watch?v=MiF0wyC0Yc4