Научниците го оштетиле мистичниот череп на Маите со кој нацистот Хајнрих Химлер сакал да го контролира светот.
Дрезден- Невнимателни научници.
Ако на 21 декември оваа година се случи крај на светот за тоа ќе бидат криви лизгавите прсти на Германците. Црниот череп од вулкански камен чиј сопственик некогаш бил нацистот Хајнрих Химлер паднала на земја и се скршила во лабараторијата во Дрезден.
Според легендата за черепот кој го направиле Маите го украле нацистите во триесетите години на минатиот век од Тибет затоа што верувале во неговите волшебни дејствија и дека може да му помогне на човештвото да го преживее судниот ден.
Научниците во Дрезден додека го испитувале черепот тој паднал од масата и се скршило парче од долната вилица.За некои тоа е еднакво на катастрофа, но други порачуваат да останеме мирни и да продолжиме да живееме без страв.Сопственикот на црниот череп Томас Ридер тврди дека античкот артефакт го добил од семејството на некогашен британски војник кој 1945 година го одземал од Химлер водачот на Гестапо и СС единиците кои се одговорни за многу злосторства и геноцид.Ридер смета дека инцидентот со черепот нема да ги налути боговите како и дека светот ќе постои и после 21 декември. Нацистите верувале дека во светот постојат 13 вакви черепи и дека оној кој ќе ги поседува ќе може да го контролира светот – вика Ридер. Маите наводно направиле 13 черепи од кои 9 се офарбани и ја претставуваат човечката раса, додека четири се проѕирни како стакло и претставуваат ѕверови кои одат,ползат и се лизгаат.Една од легендите вика дека тринаесетте кристални черепи постојат уште од времето кога луѓето ги населиле дванаесетте планети.Сите кристални черепи им биле доверени на луѓето кои се населиле на земјата наречена Атланта.
Нови Ископувања
На големото археолошко наоѓалиште во Гватемала ископан е античкиот град на Маите Ксулцин а археолозите веруваат дека една од пронајдените соби му припаѓала на тогашниот писар на чии ѕидови се наоѓаат досега невидени слики на човек во црна униформа. Пронајден е и календарот на Маите кој според новите пресметки на научниците не завршува на 21 декември туку достига до 7000 години во иднината.