Антрополозите кои работеле во јужниот дел на Франција веруваат дека го пронашле најстариот примерок на пештерска уметност врежана на варовничка карпа, тешка 1,5 тони.
Резбаната уметност на карпите се проценува дека се стари околу 37.000 години, а пронајдени се на подрчјето Абри Кастанет и Абри Бланчард. На двете подрачја се пронајдени некои докази од најраните години на човековиот живот во Европа.
За една од сликите се верува дека ги прикажува женските полови органи, пишува Дејли Мејл.
Истражувачкиот тим кој се состои од петнаесетина научници од Универзитети од Америка и Европа, го истражуваат подрачјето веќе 15 години.
До сега се пронајдени стотина украси, животински заби, школки, слонови коски, резби и слики на ѕидовите од пештерите.