Норман за разлика од другите кучиња не мора да трча по стап за да остане во форма.Тој вози точак.
Со помош на неговата газдарица Норман успеа да го совлада возењето точак за што му требале 10 недели.
Со многу труд успеавме на Норман да му најдеме точак што ќе му одговара и на кој со своите нозе ќе може да ги допре педалите, а најтешкиот дел од тренингот претставувало зајакнувањето на неговите задни нозе.Моментално ужива во возењето затоа што тоа за него е потполно ново искуство.Многу сум горда на него и воодушевена што сака да проба многу нови и необични работи- изјави неговата сопственичка Карен Коб.
Возењето точак за Норман претставува природна прогресија затоа што пред тоа научил да вози тротинет.
httpv://www.youtube.com/watch?v=Vdto2MAsU0s