Американските научници дошле до заклучок дека причината за ќелавоста е неактивноста на сувите клетки во фоликулите на косата. Како што пренесува (Journal of Clinical Investigation), експертите откриле дека само треба да се “оживеат“ овие клетки, за да се дојде до нормално функционирање на клетките на косата.
До сега се мислеше дека причина за ќелавоста лежи во смалувањето на бројот на суви клетки, а ние дојдовме до заклучок дека причина е нивниот престанок на функционирање, изјавил лидерот на тимот Џорџ Котсарели. Тимот вршел истражувања на стаорци, дека со имплантација на клетки збогатени со прогестерон возможно е да се реактивираат сувите клетки и на тој начин да се оживее растот на косата. Таквата имплантација би била поуспешна и поефтина од досегашните, кои успешни биле во 80% од случаите, а кои чинат околу 5000 евра. Сепак, лидерот на тимот кажал дека треба повеќе да се работи во оваа област за да може оваа техника да се примени кај луѓето.