Еден од најновите бизарности доаѓа од Сибир, а станува збор за една секта која брои повеќе од 4000 членови, а нивниот голем водич живее во голема заблуда.
Весникот Vice на својот портал од неодамна објави краток докуметарец за уште една интересна секта која го пронашла својот дом во средината на сибирските тајги,која ја предводи Сергеј Тороп, човекот кој тврди дека е Исус Христос гласот божји, пренесува Индекс.Всушност физички донекаде личи па би можеле да кашеме дека Големиот Судија доби конкуренција.Уште на почетокот на деведесеттите доживеал мистично искуство, по што живее со уверување дека тој е реинкарнација на Спасителот.
Што се однесува на членовите на сектата, тие се 4000( и уште најмалку 10 илјади ширум светот) а бројката не се намалува.На прв поглед изгледаат како сосема нормални луѓе.Меѓутоа, кога членовите на сектата детално ќе ви ги појаснат своите верувања, работите стануваат чудни и многу брзо ви станува јасно дека приказната тргнала во калсична секташка насока и влучува вонземјани и чекање на судниот ден.
Проверете го краткометражниот документарец и откриете ги најновите ѕвезди на Сибир и нивниот водич.
httpv://www.youtube.com/watch?v=W2Cv5hZfOmk