Еден студент на сајт им нуди на килентите да изнајмат девојки кои ќе се однесуваат како да се со нив во врска.
Коди Кресиски (22) од колеџот Едисон на ФЛорида, изјавил дека инспирацијата за сајтот „изнајми девојка“ (www.girlfriendhire.com) ја пронашол во една своја колешка, која работи повеќе нешта за да преживее.
Тој ја смислил услугата изнајмување девојки која чини 5 долари, а нема никаква романтични или сексуални акти за време на средбата.
Девојките за клиентите вршат разни работи, кои обично би ги правеле девојките, како чистење, готвење или помош за домашните обврски.
Посебна услуга е и оставањето симпатични пораки на нивните фејсбук профили за да и другите помислат дека навистина се во врска.
За крај авторот на овој сајт изјавил дека многу девојки им помогнале на клиентите со разни совети, како и дека сајтот првиот ден паднач поради големата посетеност.