Доколку под преносливи компјутери ги подразбираме таблет, notebook и netbook компјутерите, Apple е компанија која доминира со овој пазар.
Извештајот кој го објави NPD DisplaySearch покажува дека Apple има 22,5 проценти удел на овој пазар и тоа најмногу благодарејќи на добрата продажба на својот таблет.
Во првиот квартал оваа година продадени се 17,2 милиони мобилни Apple компјутери, покажува извештајот.
Другото место го завзема комапнијата HP, со 11,6 проценти на пазарот, а ја следи Acer, па Lenovo и Dell.
Доколку пазарот би се подделил по категории, на notebook пазарот доминира HP, а второто место го завзема Acer.
Што се однесува до таблет компјутерите, Apple со 62,8 проценти удел е прв на пазарот, Samsung со 7,5 е втор, а Amazon има 4 проценти пазарен удел и е трет на листата.
Во текот на првиот квартал оваа година испорачани се вкупно 76,2 милиони преносливи компјутери, 15 проценти помалку отколку во претходниот квартал, но и 30 проценти повеќе во однос на истиот период минатата година.