Велигденски острови: Археолозите открија дека главите на тотемите имаат и тела!

popara27 мај, 20121min00
2

Тимот на археолози на велигденските острови, откопаa две џиновски камени глави кои имаат и тела  кои се протегаат и до неколку метри под земја…

На Велигденскиот остров, има околу 1.000 така  наречени Моаи, скулптури. Ова откритие сосема сигурно , ќе привлече и бројни туристи на островот.

“ Нашите ископувања, открија две торза од скулптури високи 7 метри. Стотици , а можеби илјада посетители на островот беа воодушевени кога видоа дека Моаи, скулптурите имаат и тела. А што е најважно, откривме и многу податоци за Рапа Нуи техниките, на девното градителство” изјави . за Дејли маил , директорката на проектот Easter Island Statue Project, Џое Ан Тилбург.

Со најновите исражувања откриено е дека скултурите стојат на камени постаменти и дека при нивната изработка се користени казлични камени алатки, камења и конопи. Во темелите на скулптурите биле избушени дупки, во кои биле вградувани стебла со коноп со кои киповите биле подигани во исправена положба.

“ Пронајдовме големи количини на црвен  пигмент кој можеби е користен за обојување на киповите а пронајден е и еден врежан знак, на еден од киповите, ” изјави Ван Тилбург и додаде дека биле откриени и петроглифи (цртежи кои се вклесани во камени карпи).

Се претпоставува дека овие Моаи скулптури се стари помеѓу 400 и 1000 год. но не се знае кој и зошто  ги направил.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag