Научниците пронашле најстари музички инструменти, за кои се проценува дека се стари меѓу 42,000 и 43,000 години.
Истражувачкиот тим од Оксфорд во една пештера во јужна Германија во која биле пронајдени знаци за живот на хомосапиенси, пронашле и флејти.
Едната била направена од птичји коски, а другата од бела коска од мамут.
Истражувањето било објавено во Journal of Human Evolution. Истражувачите напоменеле дека инструментите биле користени за забава и религиски ритуали, јавува Би Би Си.